Прејди на содржината

Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија
слободната енциклопедија

Eнциклопедија што може секој да ја уредува. Моментално има вкупно 165.173 статии на македонски јазик и 347 активни уредници!
Напишете нова статија!

Избрана статија

Александар Ончев Мартулков, познат по псевдонимот Бизмарк — македонски револуционер и политичар. Меѓу првите пропагатори на социјализмот во Македонија. Деец на Македонската револуционерна организација и учесник во Илинденското востание. Член и раководител на ВМРО (Обединета) во 1930-тите.

Роден во сиромашно работничко семејство, стекнал више образование во Скопското педагошко училиште. Во 1894 година се приклучил во социјалистичкото движење со поттик од Васил Главинов. Како член на Македонската социјалистичка група, учествувал во првото празнување на ден на трудот во Бугарија. Во 1900-тите соработувал со Велешкиот револуционерен реон и Иван Аљабакот. Во 1906 година се преселил во Софија каде се приклучил во Бугарската комунистичка партија. Учествувал во политичкото управување на Македонија по Младотурската револуција.

За време на Првата светска војна, го основал Комитетот на дезертери каде префрлил македонски борци од српската војска во Царството Бугарија. Во текот на војната бил секретар на Општина Оморани и подоцна чиновник во Косово и Метохија. По војната се приклучил во Емигрантскиот комунистички сојуз и Велешкото благотворително братство „Рајко Жинзифов“. Во 1931 година бил одбран за пратеник во народното собрание на Бугарија, заедно со Христо Трајков. Во 1932 година почнал со издавањето на весникот „Македонско знаме“, следната година доживеал неуспешен обид на атентат од Михајловистите. На 8 јули 1936 година, го осудиле Мартуков заедно со останатите членови на ЦК на ВМРО (Обединета).

Учествувал во Народноослободителната борба. Во 1944 година се приклучил во Президиумот на АСНОМ и подоцна во народното собрание на НР Македонија. Помогнал со спроведување на Илинденската пензија и подоцна доделување на Илинденската споменица. Во 1954 година ги објавил неговите спомени насловени „Моето учество во револуционерните борби на Македонија“. Во текот на 1960-тите, Лазар Колишевски го изолирал Мартулков од секојдневните политички функции. Незадоволен со режимот, се преселил во Народна Република Бугарија каде починал. (Дознајте повеќе...)

На денешен ден...

Денес е 6 октомври 2026 година и издвоени настанати од времепловот се:

Настани:

1582  Поради воведувањето на реформите во календарот, подоцна наречени грегоријански календар според папата Грегор XIII, во Италија, Полска, Португалија и Шпанија овој ден во 1582. година е прескокнат.
1600  Во Фиренца, во Италија во палатата Пити, за време на свеченостите по повод венчавката на англискиот крал Хенри VI со Марија Медичи, е одржана премиерната изведба на операта „Евридика“, прва опера во историјата што ја создаде италијанскиот композитор Јакопо Пери.
1889  Томас Едисон го покажува неговиот прв филм (слики во движење).
1908  Австрија ги анексира Босна и Херцеговина.
1943  Балистите запалија поваќе куќи во селото Кленоец и селото Попоец, Кичевско, а во наредните денови беа ограбени повеќе куќи и убиени луѓе во селата Душегубица, Иванчиште, Малкоец и други.
1981  Во текот на воена парада, убиен е претседателот на Египет Анвар ал-Садат од исламски радикали во војската.

Родени:

1459  Мартин Бехајм — германски морепловец и географ.
1769  Исак Брок — британски командант.
1887  Ле Корбизје — швајцарско-француски архитект.
1888  Роланд Гарос — француски пилот.
1889  Марија Домбровска — полска писателка.
1919  Томи Лотон — англиски фудбалер.
1937  Иво Данеу — словенечки и југословенски кошаркар.
1955  Бранко Чрнац Туста — хрватски рок-пејач, член на групата КУД Идијоти.
1965  Јирген Колер — германски фудбалер.
1967  Кенет Андерсон — шведски фудбалер.
1971  Алан Стабс — англиски фудбалер.
1973  Џеф Дејвис — американски комичар.
1997  Тео Ернандес — француски фудбалер.
1998  Лојд Кели — англиски фудбалер.
1999  Еванилсон — бразилски фудбалер.

Починале:

1014  Самуил — македонски цар
1891  Чарлс Стјуарт Парнел — ирски политичар
1943  Јосиф Јосифовски - Свештарот — народен херој на Македонија.
1973  Сидни Блекмер — американски глумец
2006  Вилсон Такер — американски писател
2007  Лаза Ристовски — српски рок-музичар, член на групите Смак и Бијело дугме (р. 1956).
2018  Скот Вилсон — американски глумец.
2019  Џинџер Бејкер — британски рок-музичар.
2024  Јохан Нескенс — холандски фудбалер.
Издвоен цитат
„

„Младите имаат многу радости и многу таги, бидејќи се имаат само себе си за кого да мислат, па така секоја желва и секоја помисла добива важност. Секое задоволство е почуствувано во целост, но исто така и секоја тага, и многу кои не можат да ги исполнат своите желби, веднаш ставаат крај на својот живот.“
— „Гертруда“, Херман Хесе, 1910 год.

“
Слика на денот

Плодови на остролисната жолтика (Berberis aquifolium).
Дали сте знаеле...


Ниските Земји од 1556 до 1648 г.
Ниските Земји од 1556 до 1648 г.


Што е Википедија?

Изданијата на Википедија се места каде многу различни доброволци работат заедно за да напишат енциклопедии на различни јазици. Овој проект претставува енциклопедија на македонски јазик и моментално има 165.173 енциклопедиски статии. Целата нејзина содржина е лесно достапна и слободна за употреба. Нашата мисија е да го собереме целото човеково знаење на македонски јазик — знаење кое е бесплатно, слободно и лесно пристапно за секого.

Сакате заедно да ја оствариме целта?
Најпрво, започнете со нашиот вовед!

Заедница
Селска чешма — главно место за разговор поврзан со Википедија. Селската чешма е место каде што можете да поставувате прашања, решавате проблеми, да помогнете на заедницата и заедно да ја развиваме енциклопедијата.
Портал на заедницата — збирно место поврзано со тематски проекти. Тука може да најдете тематски портали од различни области, каде може да придонесувате и да ја збогатувате Википедија.
Викисредби — можност за дружење, размена на идеи и предлози за развојот на Википедија - во живо!
Тековни настани — бидете во тек со развојните настани на Википедија. Следете го развојот на најголемата енциклопедија во светот!
Повеќејазичност — слободната енциклопедија е достапна и на голем број други јазици, освен македонскиот. Истражете ја и на друг јазик!
Братски проекти

Фондацијата Викимедија е непрофитна организација која, покрај Википедија, опфаќа и други проекти:

Ризница — складиште на мултимедијални содржини
Викиизвор — збирка на дела и книги
Викивести — вести од светот
Викиречник — повеќејазичен речник и лексикон
Викицитат — збирка на цитати
Викикниги — збирка на учебници и прирачници
Викивидови — именик на видови
Викиуниверзитет — збирка на материјали и активности за учење
Мета-вики — усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци— база на слободни знаења
Википатување — туристички водич