Прејди на содржината

Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија
слободната енциклопедија

Eнциклопедија што може секој да ја уредува. Моментално има вкупно 161.351 статии на македонски јазик и 386 активни уредници!
Напишете нова статија!

Избрана статија
Пристаништето на Ница
Пристаништето на Ница

Ница — петти најнаселен град во Франција, по Париз, Марсеј, Лион и Тулуза. Урбаната област на Ница се протега надвор од административните граници на градот со население од околу еден милион и зафаќа површина од 721 км². Сместен на југоисточниот брег на Франција на Средоземното Море, Ница е вториот најголем француски град на средоземниот брег, веднаш зад Марсеј.

Градот е наречен Nice la Belle (Nissa La Bella на окситански), што означува Убавата Ница, што исто така е името на неофицијалната химна на Ница, напишана од Меника Рондели во 1912. Ница е главен град на департманот Приморски Алпи и втор најголем град во регионот Прованса-Алпи-Азурен Брег по Марсеј.

Површината на денешна Ница се протега на „Тера Амата“, археолошко наоѓалиште во кое се најдени докази за многу рано користење на огнот. Околу 350 п.н.е., Грците од Марсеј основале постојана населба и ја нарекле Никаја, по божицата на победата Ника. Низ вековите, градот бил заземан многу пати од разни освојувачи. Неговата стратешка местоположба и пристаништето значајно придонеле за неговата поморска сила. Низ вековите бил владение на Савоја, потоа станал дел од Франција помеѓу 1792 и 1815, кога бил вратен на Пиемонт-Сардинија до неговото повторно припојување кон Франција во 1860.

Природната убавина на Ница и нејзината умерена средоземна клима им го привлекло вниманието на богатите Англичани во втората половина на XVIII век, кога голем број на благороднички семејства ги поминувале нивните зими овде. Главното градско шеталиште крај морето, Англиската променада (Promenade des Anglais) го добило своето име во име на посетителите на градот. (Дознајте повеќе...)

На денешен ден...

Денес е 7 мај 2026 година и издвоени настанати од времепловот се:

Настани:

1755  На иницијатива на големиот руски научник Михаил Василевич Ломоносов е отворен Московскиот универзитет (грб на сликата), кој првобитно имал само филозофски, правен и медицински факултет. Универзитетот набргу станал центар на руската наука.
1838  Луј Дагер, француски сликар го откри методот на механичко сликање, односно го пронајде овој вид на фотографија.
1929  За првпат е доделена наградата „Оскар“, што секоја година ја доделува Академијата за филмска уметност и наука во Холивуд, САД, за најдобар американски филм, за најдобра машка и женска улога, за режија, сценарио и друго.
1939  Втора светска војна: Германија и Италија склучија пакт, познат како „Оска Берлин-Рим“.
1993  Со одлука на Владата на Република Македонија од 20 април 1993 година, 7 мај е востановен како Ден на македонската полиција, а по повод истиот ден во 1903 година, кога на Смилевскиот конгрес на ТМОРО е извршена реорганизација на власта и безбедноста.
1999  Бомбардирана кинеската амбасада во Белград, во текот на воздушната поход на НАТО против СР Југославија. Во инцидентот загинаа тројца кинески дипломати, а настанот предизвика гнев кај раководството на НР Кина. Официјалниот став на НАТО алијансата беше дека се работи за грешка.
2012  Владимир Путин по вторпат станува претседател на Русија.

Родени:

1711  Дејвид Хјум — шкотски филозоф и економист.
1833  Јоханес Брамс — германски композитор - романтичар.
1840  Петар Илич Чајковски — руски композитор, еден од најголемите симфоничари на XIX век.
1841  Гистав Ле Бон — истакнат француски социопсихолог и социолог, основач на дисциплината психологија на толпата и инспирација за Хитлеровото дело „Мојата борба“.
1861  Рабиндранат Тагоре — индиски поет и мислител.
1892  Јосип Броз - Титојугословенски револуционер и доживотен претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.
1901  Гари Купер — американски глумец.
1919  Ева Перон — сопруга на претседателот на Аргентина, Хуан Перон.
1940  Артур Блајт — американски џез-музичар.
1951  Карлос Аломар — порторикански гитарист.
1986  Евгениј Воронов — руски кошаркар.
1993  Ајла Томљановиќ — австралиска тенисерка.
1995  Џек Хендри — шкотски фудбалер.
1995  Фред Керли — американски атлетичар.
1997  Јури Тилеманс — белгиски фудбалер.
1999  Коги Гакпо — холандски фудбалер.

Починале:

1840  Каспар Давид Фридрих — најистакнат сликар на германскиот романтизам.
1906  Андонис Влахакис — андартски капетан.
1924  Димитар Благоев — бугарски политичар.
1925  Тодор Паница — бугарски револуционер, деец на ВМОРО.
2016  Џон Стебамерикански хард-кор музичар.
2024  Стив Албини — американски рок-музичар и продуцент.
Издвоен цитат

„Животот е една голема угорница, а уште поголема удолница по која трчаме. Цел живот трчаме за да го откриеме нејзиниот крај, нејзиниот газер, кај што ќе заврши и нашето талкање. Нашето постојано паѓање“.
— „Пиреј“, Петре М. Андреевски, 1980 год.

Слика на денот

Мал водопад на планината Ламбак во Џохор, Малезија.
Дали сте знаеле...


Растојание од Сонцето до Земјата
Растојание од Сонцето до Земјата


Што е Википедија?

Изданијата на Википедија се места каде многу различни доброволци работат заедно за да напишат енциклопедии на различни јазици. Овој проект претставува енциклопедија на македонски јазик и моментално има 161.351 енциклопедиски статии. Целата нејзина содржина е лесно достапна и слободна за употреба. Нашата мисија е да го собереме целото човеково знаење на македонски јазик — знаење кое е бесплатно, слободно и лесно пристапно за секого.

Сакате заедно да ја оствариме целта?
Најпрво, започнете со нашиот вовед!

Заедница
Селска чешма — главно место за разговор поврзан со Википедија. Селската чешма е место каде што можете да поставувате прашања, решавате проблеми, да помогнете на заедницата и заедно да ја развиваме енциклопедијата.
Портал на заедницата — збирно место поврзано со тематски проекти. Тука може да најдете тематски портали од различни области, каде може да придонесувате и да ја збогатувате Википедија.
Викисредби — можност за дружење, размена на идеи и предлози за развојот на Википедија - во живо!
Тековни настани — бидете во тек со развојните настани на Википедија. Следете го развојот на најголемата енциклопедија во светот!
Повеќејазичност — слободната енциклопедија е достапна и на голем број други јазици, освен македонскиот. Истражете ја и на друг јазик!
Братски проекти

Фондацијата Викимедија е непрофитна организација која, покрај Википедија, опфаќа и други проекти:

Ризница — складиште на мултимедијални содржини
Викиизвор — збирка на дела и книги
Викивести — вести од светот
Викиречник — повеќејазичен речник и лексикон
Викицитат — збирка на цитати
Викикниги — збирка на учебници и прирачници
Викивидови — именик на видови
Викиуниверзитет — збирка на материјали и активности за учење
Мета-вики — усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци— база на слободни знаења
Википатување — туристички водич